Александар: ‘Си го остварив сонот!‘

Дечкото со специфична насмевка, одличен глас и неодолива харизма, Александар Белов, дефинитивно ке остане обележан како студент кој е фаворит од публиката на веќе завршеното шоу „Операција Триумф“.

Александар од недела во недела беше фаворит на публиката со најмногу гласови.А еве што мисли тој за него.

Дали си разочаран што не победи, со оглед на тоа дека беше фаворит од публиката во текот на целото шоу?
Зар вие навистина мислите дека јас не сум задоволен со ова што го постигнав? Цел живот сонував да ми се случи нешто вакво. Си го остварив мојот сон, станав музичка ѕвезда, пеев пред луѓе кои го извикуваа моето име, ке добијам песна, ке одам на турнеа... Покрај сето тоа не е важно дали сум победил или не.

После три месеци на академијата луѓето те споредуваат со Тоше Проески, и заради темпераментот, но и заради начинот на пеење...
Тоше беше најголем уметник на овие простори, и за мене, тоа и ке остане. Што се однесува на тоа спредување, јас можам да кажам дека ми е чест, но исто така и оптоварување. За време на својата кариера ке се обидам да оставам мој печат, бидејќи ниту една копија не направила успех.

Хрватската „ТВ Нова“ направила грешка и твоите гласови заминале кај Нина...
Слушнав за тоа, но не се лутам. Продукциската куќа Имоушн ми даде толку многу што не би било фер да се бунам. Кој работи, тој и греши. Се им опростувам.

Дали зради кариерата ке се преселиш во Белград, или ке останеш во Македонија?
Ке правам како што ке ми кажат (се пошегува)... Би сакал да останам во Македонија.

Comments :

0 коментари to “Александар: ‘Си го остварив сонот!‘”
 

Банер размена

Bestips.mk