Ексклузив-ен пречек на Александар



извор: www.exc.com.mk

Нервоза кај студентите

Иако „Операција Триумф“ заврши пред повеќе од една седмица, се уште се влечат контраверзи од ова шоу!

Имено, веќе е соопшетно дека момците и девојките од шоуто ке снимат компилација и ке тргнат на турнеа низ земјите каде што се емитуваше ОТ. Планирано е на ова патување да тргнат дванаесет студенти, што значи дека за шест нема да има место во автобусот.

Се претпоставува дека, освен Мика и Јасмина, кои се исклучени од страна на Имоушн, и останатите четворица со најслаб успех нема да тргнат на таа турнеа. Тоа се Ивана Никодијевиќ, нашиот Кристијан Јованов, Антонија Беседник, а Андреа Харпин не ни размислува за ова заради трудноста.

Оваа информација ги вознемири студентите и тие кои испаднаа меѓу првите сега секој ден ги молат челниците на Имоушн и очекуваат и тие да се најдат во Топ12 кои ке одат на турнеа.

Данијел и Милица во Алкатраз!?

Поранешните студенти на Операција Тријумф, Данијел Павловиќ и Милица Мајсторовиќ, по одлуката на челните луѓе на Емоушн, со песната Алкатраз во дует ќе настапат на претстојната Беовизија, преку која Србите го избираат својот претставник за Евровизија.

Темата Алкатраз повеќе влече на фолкот, отколку на поп-музика, но одговорните не се сомневаат дека е доволно комерцијална на овие двајца популарни крагујевчани да им донесе многу гласови, а и можност да патуваат во Москва.

Инаку, песната Алкатраз ја напиша Марина Туцаковиќ, која по смртта на својот син, полека и се враќа на музиката. Подготвувана е во најголемата тајност во студиото во Кошутњак...

Со дуетот со Милица, Данијел ќе се обиде да го повтори успехот на својата полусестра Марија Шерифовиќ. Освен тоа, Емоушн размислува да испрати на Беовизија најмалку уште еден студент. Единствено е познато дека тоа не е Мика Костиќ, која на Беовизија ќе настапи без подршка од Емоушн.

извор: www.mmm.com.mk

Александар: ‘Си го остварив сонот!‘

Дечкото со специфична насмевка, одличен глас и неодолива харизма, Александар Белов, дефинитивно ке остане обележан како студент кој е фаворит од публиката на веќе завршеното шоу „Операција Триумф“.

Александар од недела во недела беше фаворит на публиката со најмногу гласови.А еве што мисли тој за него.

Дали си разочаран што не победи, со оглед на тоа дека беше фаворит од публиката во текот на целото шоу?
Зар вие навистина мислите дека јас не сум задоволен со ова што го постигнав? Цел живот сонував да ми се случи нешто вакво. Си го остварив мојот сон, станав музичка ѕвезда, пеев пред луѓе кои го извикуваа моето име, ке добијам песна, ке одам на турнеа... Покрај сето тоа не е важно дали сум победил или не.

После три месеци на академијата луѓето те споредуваат со Тоше Проески, и заради темпераментот, но и заради начинот на пеење...
Тоше беше најголем уметник на овие простори, и за мене, тоа и ке остане. Што се однесува на тоа спредување, јас можам да кажам дека ми е чест, но исто така и оптоварување. За време на својата кариера ке се обидам да оставам мој печат, бидејќи ниту една копија не направила успех.

Хрватската „ТВ Нова“ направила грешка и твоите гласови заминале кај Нина...
Слушнав за тоа, но не се лутам. Продукциската куќа Имоушн ми даде толку многу што не би било фер да се бунам. Кој работи, тој и греши. Се им опростувам.

Дали зради кариерата ке се преселиш во Белград, или ке останеш во Македонија?
Ке правам како што ке ми кажат (се пошегува)... Би сакал да останам во Македонија.

Пречекот на Нина во Тиват

Иако очекуваше да ја пречекаат само нејзините родители и најбрлиски пријатели и роднини, сепак црногорската претставничка на „Операција Триумф“, Нина Петковиќ ја пречека почната сала „Грација Петковиќ“ во Тиват!

Во еден момент и’ доаѓаше и да заплаче, но се заблагодари на сите нејзини сограѓани за поддршката. „Во ниту еден момент не се сомневав во вашата поддршка, знаев дека сте со мене“, рече новата црногорска ѕвезда, која на јавноста во ЦГ и’ беше позната од настапите на караоке шоуто на телевизијата ИН, Сунчане Скале и од настапот на црногорскиот избор за песна за Евровизија.

„Во почетокот се сомневав, мислев дека сето тоа со куќата ке биде само реклама, дека професорите ке работаат само тек така, но брзо сватив дека грешам. Се беше спремено за нас, одлични професори ни пренесоа добро знаење кое ние треба паметно да го искористиме во нашата кариера“, рече Нина по трите месеци поминати во академијата на Операција Триумф.

ејзиниот живот во академијата ке го памети само по добри работи, како и по пречекот кој и’ го приредија нејзините сограѓани, меѓу кои најмногу се истакна Војо Калуѓевиќ. Општината Тиват, Центарот за култура и Радиото Тиват, исто така ке заслужат место во незаборавот.

„Градот беше и ке биде со Нина. Се надевам дека вака ке ја пречекуваме и кога ке се враќа од Евровизија“, со честитка и’ порача градоначалникот Миодраг Драган Канкарш.

По честитките на Детскиот совет и текстописецот Маја Перфиљева, Нина придружувана од девојките од танчерскиот клуб „Модест“, во кои ги направила првите чекори на сцена, отпеа две композиции, а потоа скоро цел град чекаше да добие автограм од младата Нина.

Александар посакува да пее на Евровизија!

До неодамна студент на академијата Операција Тријумф – Александар Белов го потврди своето учество на националниот Евросонг! Единствено непознато е со која песна ќе настапи на Скопскиот фестивал...

Многу ми е мило што добив шанса да се натпреварувам и да се борам за својата земја на претстојниот Евросонг. Ќе ми претставува особена чест ако успеам во Москва да ја претставувам Македонија – изјави Александар за белградски Блиц.

МММ неофицијално дознава дека песната, која има најмногу шанси да ја пее Александар Белов, ја компонираше Кире Костов.

Но, Белов не е единствениот од Операција Тријумф кој ќе добие шанса да пее на националниот Евросонг во своја земја! Според српските медиуми, донесена е конечната одлука Ана Бебиќ и Игор Цукров автоматски да се најдат во финалето на Дора – хрватскиот Евросонг. За песната на Цукров се погрижија Тончи Хуљиќ и неговата сопруга Вјекослава, додека за Ана Бебиќ, Миро Буљан и Нено Нинчевиќ ја напишаа песната Мрзим споре ствари.

И Ана, исто како и Александар, гори од желба на Евровизија да пее за својата земја...

Кога е во прашање Србија, менаџерите од Емоушн, под чии јуриздикции е шоуто Операција Тријумф, се уште не решиле со колку песни нивните ексклузивци ќе партиципираат на Беовизија. Тоа ќе се реши веќе деновиве, а најверојатен исход се две, евентуално три композиции... Меѓу кандидатите се: Сајко, Ѓорѓе, Милица, Данијел...

Иако Нина Петковиќ е логичен избор за Црна Гора во оваа земја се уште не се знае какви ќе бидат пропозициите за натпреварот. Лани претставникот се бираше на Монтевизија, додека годинава постои шанса одлуката кој ќе пее во Москва да ја донесе стручно жири.

Таа пракса во Босна се користи подолг период, иако е неизвесно дали победникот на ОТ – Аднан Бабајиќ ќе пее за оваа држава...

Додека бев во куќата ме известија дека веќе сум избран да ја претставувам Босна на Евросонг во Москва, а сега ми велат дека тоа беше недоразбирање. Сепак, многу би сакал да пеам на Евровизија...

Со оглед дека членка на босанската Евросонг делегација е Исмета Дервоз, која беше дел од жирито на Операција Тријумф, добро упатените велат дека ништо не е исклучено...

извор: www.mmm.com.mk

Вукашин: Постигнав доста!

Иако важеше за „убиец на фаворитие“ и беше еден од главните кандидати за победа, покрај Александар, на Вукашин Брајиќ за малце му се излизга победата.

„Не очекував да победам, бидејќи ако очекував - сега ке се разочарав. Но сепак, бев во фрка кога останав со Аднан. Постигнав доста, луѓето ме знаат кој сум, што правам, а за тоа е потребно време. За мене е рок музиката, но онај благ рок, со таков стил на музика сакам да успеам“, вели Вукашин и говори за Аднан:

„Кога го слушнав прв пат на аудицијата си реков: 'Овој дечко сигурно влегува на Академијата'.

„Аднан е личност која има одличен глас. Јас и тој не се сложуваме само во музичките стилови, тој некој етносевдак, како што тој го вика, а тоа овде се слуша многу... Но дека е квалитетен пејач, е!“, вели Вукашин на кого прекарот „убиец на фаворити“ не му пречи, бидејќи му е мило што голем број на луѓе ја ценат неговата работа.

Кога е во прашање музичкиот бенд, во кој покрај него треба да бидат Сајко, Ѓорѓе и Никола Пауновиќ, Вукашин не се согласува, бидејќи само тој и Сајко свиреле на инструменти и не би можеле да успеат како рок бенд на овие простори.

 

Банер размена

Bestips.mk