Данијел и Милица во Алкатраз!?

Поранешните студенти на Операција Тријумф, Данијел Павловиќ и Милица Мајсторовиќ, по одлуката на челните луѓе на Емоушн, со песната Алкатраз во дует ќе настапат на претстојната Беовизија, преку која Србите го избираат својот претставник за Евровизија.

Темата Алкатраз повеќе влече на фолкот, отколку на поп-музика, но одговорните не се сомневаат дека е доволно комерцијална на овие двајца популарни крагујевчани да им донесе многу гласови, а и можност да патуваат во Москва.

Инаку, песната Алкатраз ја напиша Марина Туцаковиќ, која по смртта на својот син, полека и се враќа на музиката. Подготвувана е во најголемата тајност во студиото во Кошутњак...

Со дуетот со Милица, Данијел ќе се обиде да го повтори успехот на својата полусестра Марија Шерифовиќ. Освен тоа, Емоушн размислува да испрати на Беовизија најмалку уште еден студент. Единствено е познато дека тоа не е Мика Костиќ, која на Беовизија ќе настапи без подршка од Емоушн.

извор: www.mmm.com.mk

Comments :

0 коментари to “Данијел и Милица во Алкатраз!?”
 

Банер размена

Bestips.mk