Пречекот на Нина во Тиват

Иако очекуваше да ја пречекаат само нејзините родители и најбрлиски пријатели и роднини, сепак црногорската претставничка на „Операција Триумф“, Нина Петковиќ ја пречека почната сала „Грација Петковиќ“ во Тиват!

Во еден момент и’ доаѓаше и да заплаче, но се заблагодари на сите нејзини сограѓани за поддршката. „Во ниту еден момент не се сомневав во вашата поддршка, знаев дека сте со мене“, рече новата црногорска ѕвезда, која на јавноста во ЦГ и’ беше позната од настапите на караоке шоуто на телевизијата ИН, Сунчане Скале и од настапот на црногорскиот избор за песна за Евровизија.

„Во почетокот се сомневав, мислев дека сето тоа со куќата ке биде само реклама, дека професорите ке работаат само тек така, но брзо сватив дека грешам. Се беше спремено за нас, одлични професори ни пренесоа добро знаење кое ние треба паметно да го искористиме во нашата кариера“, рече Нина по трите месеци поминати во академијата на Операција Триумф.

ејзиниот живот во академијата ке го памети само по добри работи, како и по пречекот кој и’ го приредија нејзините сограѓани, меѓу кои најмногу се истакна Војо Калуѓевиќ. Општината Тиват, Центарот за култура и Радиото Тиват, исто така ке заслужат место во незаборавот.

„Градот беше и ке биде со Нина. Се надевам дека вака ке ја пречекуваме и кога ке се враќа од Евровизија“, со честитка и’ порача градоначалникот Миодраг Драган Канкарш.

По честитките на Детскиот совет и текстописецот Маја Перфиљева, Нина придружувана од девојките од танчерскиот клуб „Модест“, во кои ги направила првите чекори на сцена, отпеа две композиции, а потоа скоро цел град чекаше да добие автограм од младата Нина.

Comments :

0 коментари to “Пречекот на Нина во Тиват”
 

Банер размена

Bestips.mk