Александар посакува да пее на Евровизија!

До неодамна студент на академијата Операција Тријумф – Александар Белов го потврди своето учество на националниот Евросонг! Единствено непознато е со која песна ќе настапи на Скопскиот фестивал...

Многу ми е мило што добив шанса да се натпреварувам и да се борам за својата земја на претстојниот Евросонг. Ќе ми претставува особена чест ако успеам во Москва да ја претставувам Македонија – изјави Александар за белградски Блиц.

МММ неофицијално дознава дека песната, која има најмногу шанси да ја пее Александар Белов, ја компонираше Кире Костов.

Но, Белов не е единствениот од Операција Тријумф кој ќе добие шанса да пее на националниот Евросонг во своја земја! Според српските медиуми, донесена е конечната одлука Ана Бебиќ и Игор Цукров автоматски да се најдат во финалето на Дора – хрватскиот Евросонг. За песната на Цукров се погрижија Тончи Хуљиќ и неговата сопруга Вјекослава, додека за Ана Бебиќ, Миро Буљан и Нено Нинчевиќ ја напишаа песната Мрзим споре ствари.

И Ана, исто како и Александар, гори од желба на Евровизија да пее за својата земја...

Кога е во прашање Србија, менаџерите од Емоушн, под чии јуриздикции е шоуто Операција Тријумф, се уште не решиле со колку песни нивните ексклузивци ќе партиципираат на Беовизија. Тоа ќе се реши веќе деновиве, а најверојатен исход се две, евентуално три композиции... Меѓу кандидатите се: Сајко, Ѓорѓе, Милица, Данијел...

Иако Нина Петковиќ е логичен избор за Црна Гора во оваа земја се уште не се знае какви ќе бидат пропозициите за натпреварот. Лани претставникот се бираше на Монтевизија, додека годинава постои шанса одлуката кој ќе пее во Москва да ја донесе стручно жири.

Таа пракса во Босна се користи подолг период, иако е неизвесно дали победникот на ОТ – Аднан Бабајиќ ќе пее за оваа држава...

Додека бев во куќата ме известија дека веќе сум избран да ја претставувам Босна на Евросонг во Москва, а сега ми велат дека тоа беше недоразбирање. Сепак, многу би сакал да пеам на Евровизија...

Со оглед дека членка на босанската Евросонг делегација е Исмета Дервоз, која беше дел од жирито на Операција Тријумф, добро упатените велат дека ништо не е исклучено...

извор: www.mmm.com.mk

Comments :

0 коментари to “Александар посакува да пее на Евровизија!”
 

Банер размена

Bestips.mk