Вукашин: Постигнав доста!

Иако важеше за „убиец на фаворитие“ и беше еден од главните кандидати за победа, покрај Александар, на Вукашин Брајиќ за малце му се излизга победата.

„Не очекував да победам, бидејќи ако очекував - сега ке се разочарав. Но сепак, бев во фрка кога останав со Аднан. Постигнав доста, луѓето ме знаат кој сум, што правам, а за тоа е потребно време. За мене е рок музиката, но онај благ рок, со таков стил на музика сакам да успеам“, вели Вукашин и говори за Аднан:

„Кога го слушнав прв пат на аудицијата си реков: 'Овој дечко сигурно влегува на Академијата'.

„Аднан е личност која има одличен глас. Јас и тој не се сложуваме само во музичките стилови, тој некој етносевдак, како што тој го вика, а тоа овде се слуша многу... Но дека е квалитетен пејач, е!“, вели Вукашин на кого прекарот „убиец на фаворити“ не му пречи, бидејќи му е мило што голем број на луѓе ја ценат неговата работа.

Кога е во прашање музичкиот бенд, во кој покрај него треба да бидат Сајко, Ѓорѓе и Никола Пауновиќ, Вукашин не се согласува, бидејќи само тој и Сајко свиреле на инструменти и не би можеле да успеат како рок бенд на овие простори.

Comments :

0 коментари to “Вукашин: Постигнав доста!”
 

Банер размена

Bestips.mk