Живиница на нозе, се чека „кралот“

Белата лимузина и црвениот тепих се спремни! Живиница денеска во 17.00 часот го пречекува нивниот најпознат жител, Аднан Бабајиќ.

Малото место во блзина на Тузла, стана познато по победата на Аднан на регионалното реално шоу „Операција Триумф“.

Целата Живиница заеднички се организира да го поддржи Аднан и да му организира дочек, а општината го плати превозот на навивачите до Белград.

Сегашниот градоначалник на Живиница, Хасан Муратовиќ, беше човекот кој меѓу првите му честита на Аднан и на неговото семејство.

„Успехот на нашиот Аднан уште еднаш потврди дека нашата општина изобилува со таленти, и нашите сограѓани несебично се одлучија да го поддржат најдоброто, бидејќи во изминатите три месеци констатно гласаа за Аднан. Победата на Аднан е голем успех за него но и за нашата општина", изјави Муратовиќ.

Пречекот на Аднан се спрема веќе подолго време, а во салата во градот ке биде одржан и концерт на кој ке настапат неколку познати Босански музичари.

Повеќе информации за тоа како беше пречекан Аднан ке добиеме наскоро...

Comments :

0 коментари to “Живиница на нозе, се чека „кралот“”
 

Банер размена

Bestips.mk