Шоуто заврши, Операцијата продолжува

Најгледаното реално шоу на балканот заврши, и победник беше Аднан, но тука не е крај на Операцијата наречена Триумф. Таа само што започна.

Пред веќе поранешните студенти, сега се најголемите предизвици и настапи. Имоушн за нив организира турнеја низ Балканот, а најверојатно и многу од нив ке учевстуваат на својте државни настапи за песна за Евровизија и се надеваме дека ке видиме некој и во Москва.

Па тоа значи дека и за овој сајт не е дојден крајот. Ние ке продолжиме да ги следиме кариерите на студентите од Операција Триумф и ке ве известуваме за нивните успеси, скандали и за настапите кои треба да ги имаат. Тоа значи да продолжете да не посетувате и да се информирате за нашите нови музички ѕвезди.

Иако некој не објавува конкретни резултати, ние ке си кажеме за нас. Бројката на уникатни посети можете слободно да ја погледнете во долниот лев агол, а сајтот има преку 60000 отварања. Просек посети на ден имавме по 830 уникатни посети или 2050 отварања на сајтот, а најмногу посети во еден ден имаше во Понеделникот денот на големото финале дури 1685 од различни компјутери или 4105 отварања на сајтот. Овие бројки се далеку над нашите очекувања...

Благодариме на досегашната посетеност и продолжете така иако шоуто заврши,
Ана Амитова и Наум Баварец
http://www.operacija-triumf.co.cc/

Comments :

0 коментари to “Шоуто заврши, Операцијата продолжува”
 

Банер размена

Bestips.mk