Аднан пречекан од преку 5000 сограѓани




Градската сала во Живиница беше преполна уште два часа пред најавеното пристигнување на „кралот“. Голем број на граѓани по 17 часот не може ни да влезат во салата бидејќи немаше место ни за седење. Според одговорните за салата, внатре имало преку пет илјади Живинчани.

Музичката програма започна во 16.30 часот кога на бината прв запеал Нихад Алибеговиќ,и тоа песната „Ово је наша фешта“, која ја пееа сите.

„Во околината на Живница секој град има по еден пејач, но ова што го постигна Бабајиќ ги засени сите нив“, рече Алибеговиќ.

Белата лимузина која го носеше Аднан се појави околу 17.45 часот, а на влезот во салата беше постелен црвен тепих, по кој Аднан со неговото обезбедување се упати внатре. А кога влезе внатре буквално цела публика полуди.

„Ви благодарам на сите, сите ве сакам, ова е ваш пехар, бидејќи заедно го освоивме“, истакна Аднан при обраќањето.

Градоначалникот Хасан Муратовиќ меѓу првите му се обрати на Бабаја:

„Победата на Аднан во Белград е верба за иднина, бидејќи се покажа дека младите луѓе на овие простори имаат иднина“.

И така говорејќи и пеејќи се менуваа пејачите, Аднан ги пееше песните што го изведе и на финалето на Операција Триумф, исто како и по некоја севдалинка. И бидејќи сите луѓе не можеа да влезат во салата, Аднан излезе на терасата, и ги поздрави сите и се заблагодари за поддршката што му ја пружиле додека тој беше во куќата на Операција Триумф.


Клик на сликата за големо.

Comments :

1
Unknown рече...
on 

Го следев целиот тек на шоуто од поцеток. Апсолутен победник е, а тоа го знае и самиот Бабаиќ, АЛЕКСАНДАР, и единствено исправен гест на Бабаиќ е јавно да го признае тоа. Тоа е добро за неговата кариера, оваа дамка ни крив ни должен ќе ја носи. А за организаторите од Белград - СРАМОТА, УШТЕ ЕДНАШ СРАМОТА, И УШТЕ ЕДНАШ С Р А М О Т А!!!

 

Банер размена

Bestips.mk