Аднан побединк, Александар само 3

На спектакуларното финале, на 5ти Јануари, беше изгласан првиот победник од реалното шоу „Операција Триумф“ на Балканот.
Во финалето влегоа Александар, Аднан, Нина, Вукашин и Даниел. На првиот пресек на гласовите, по првото изведување на песните, испаднаа Даниел и Нина.

Преостанатите тројца студенти пееа уште по една песна, а следниот кој испадна беше апсолутниот фаворит на публиката до таа вечер, македонскиот претставник Александар.

И по третиот круг со пеење, публиката со преку милион гласови во едно не толку регуларно гласања одлучи победник на првата „Операција Триумф“ да биде босанецот Аднан Бабајиќ.

Тој потпиша договор со Universal Music, која ке му сними ЦеДе кое ке биде промовирано на Балканот и на територијата на Западна Европа. Колку Бабаја ке се снајде со англискиот јазик останува да видиме, но нека му е честита победата.

Comments :

0 коментари to “Аднан побединк, Александар само 3”
 

Банер размена

Bestips.mk