„Ке истетовирам ’ОТ’ на ногата“

Победникот на првото регионално музичко реално шоу „Операција Триумф“, Аднан Бабајиќ открива со кој сака да сними дует и каква ке биде неговата следна тетоважа.

Во текот на последната недела, кога на академијата останаа шест студенти, пристигнаа 1.105.119 гласови од кои најмногу имаше босанецот, кој не крие дека повеќе сака народна музика.

„Јас сум дете од Босна, а таму е многу популарна фолк музиката. Меѓутоа јас од мал слушам поп, и мило ми е што успеав баш во тоа“ рече тој.

Сега пред него е снимање на ЦеДе со „Мелоди Мјузик“ за Имоушн, како и потпишување на договор со Universal.

„Во моментов сум во шок! Не очекував победа. Синоќа ни беше најтешко. А што се однесува за интернационалната кариера, ке мора да посетувам курс по англиски јазик“ рече младиот пејач, кој се намачи со текстот на "Viva Las Vegas" од Елвис Присли, кога сакаше и да се откаже.

„Ќе мора да му се оддолжам на водителот Маца, кој ме разубеди да не се откажувам од шоуто. Сигурно ке ја напуштев ОТ да не беше тој“ се присети Аднан на вечерта кога Маца ’елегантно’ го разубеди со зборовите: „Магаре, што правиш?“

Аднан во шоуто важеше, за личност која лесно се вљубува. Прво беше затрескан во Ана Бебиќ, па во Слаѓа, девојката од танчерките, па во една новинарка од А1...

„Ана ми се допаѓаше, но сега сме само пријатели. Не е таа ни првата, а ни последната девојка што ме одбила. Слушнав дека на некоја снимка јас и Слаѓа се бакнуваме, на што јас не се сеќавам, но ајде нека биде така!“ се пошегува босанецот.

Иако имал девојка во Живиница, раскинал со неа месец и пол пред да влезе во академијата.

„Што ке ми е девојка, да мора секој понеделник да доаѓа во Белград, и да скока по мене од публика. Зезнат е овој музички живот!“

Аднан имаше и еден конфликт со Даниел, но очигледно дека сега има заборавено на тоа...

„На Даниел му реков дека ке му го скршам носот, еве можам тоа да го направам со оваа статуетка“ се нашали Адо.

„Малце се напив таа вечер, но бев точен. Сепак ние сме колеги, заедно ке одиме на турнеја, мораме да бидеме другари“

Идните планови на Аднан ке ги води продуциската куќа, но сепак тој вели дека ке најде време и за своите желби.

„Многу сакам да снимам дует со Дино Мерлин и Жељко Јоксимовиќ. Би сакал да соработувам и со Ана Бебиќ“

Новинарите му дадоа неколку идеји за тетоважи, како „Елвис од Живиница“, а тој рече...

„Во четврток ке одам да се тетовирам, таа тетоважа ке биде логото на Операција Триумф“

Но пред четврток, го очекува спектакуларен дочек во Живиница...

„По мене ке дојде лимузина од десет метри, а слушнав дека моите преговараат и за хеликоптер“ возбудено рече Аднан.

Comments :

0 коментари to “„Ке истетовирам ’ОТ’ на ногата“”
 

Банер размена

Bestips.mk