Аднан му се закани на Даниел: „Ќе ти го скршам носот, коњ еден“

Дека до крајот на музичкото шоу Операција триумф остана само една недела сведочат и секојдневните тези помеѓу студентите. Вчера околу три часот после полноќ изби најголемата вербална, а за малку и физичка, пресметка помеѓу Даниел и Аднан.

„Ќе ти го скршам носот кога ќе излезеш од тука. Биди среќен што сме добри спрема тебе. Те трпам веќе три месеци, коњ еден. Ти заслужи се најлошо“, се изнавика Аднан.

Расправијата стана откако Даниел го опомена Аднан да биде потивок, бидејќи тој сакал да заспие, а Аднан упорно не престанувал да галами. Во еден момент Аднан едноставно „пукна“ и почна да му вика на нежниот Даниел.

Видно исфрустиран Аднан одвај се воздржуваше да крене рака на Даниел. Во расправијата Аднан во неколку наврати при пцовките го изговори и името на мајката на Даниел, во негативен контекст, токму поради тоа што знае колку е Даниел чувствителен и поврзан со својата мајка.

Со насолзени очи, се сврте кон другата страна и се покри преку глава. Очигледно разочаран од реакцијата на Аднан, бидејќи токму тој го даде одлучувачкиот глас за Аднан и, со тоа го спаси од номинациите и директно се пласираше во финалето.

Извор: http://exclusive.com.mk

Comments :

0 коментари to “Аднан му се закани на Даниел: „Ќе ти го скршам носот, коњ еден“”
 

Банер размена

Bestips.mk