Журка на академијата

Продуциската куќа Имоушн за новогодишната ноќ спреми голем број изненадувања за студентите во академијата на „Операција Триумф“ но и за гледачите.

Како што пишува во „Ало“, во академијата ке се приклучат и испаднатите студенти, и тие ке останат таму за да ги вежбаат песните за финалето кога и тие имаат настапи. Се очекува сите студенти да дојдат освен Мика и Јасмина заради лошите односи со академијата.

Но освен студентите, во куќата за новогодишната ноќ изгледа ке дојдат и луѓе блиски до студентите, од семејството и пријатели.

Повремено ке има вклучувања во живо во куќата, известуваат од телевизиите, а доклку сакате да ја гледате целата прослава ке можете на Стимот.

„Во новогодишната ноќ ке има неколку вклучувања внатре. Неможам да ви кажам кој ке бидат внатре, но станува збор за луѓе блиски на студентите“ - рече Маринела Квапил, ПР на Имоушн.

Comments :

0 коментари to “Журка на академијата”
 

Банер размена

Bestips.mk