Преглед на денот (30.12.2008)

На вчерашната гала вечер ги добивме и првите полуфиналисти: Александар, Нина, Ана, Даниел, Аднан и Вукашин.

По напорниот ден, студентите спијат до подоцна. Ова утро тие се будат со звуците на песната „Кошава" во изведба на Даниел и гостинката Јелена Томашевиќ. Ретко кој обрнува внимание на песната и повеќето студенти остануваат во своите кревети. За разлика од останатите, Даниел се радува што ја слуша својата изведба и меѓу првите станува од кревет, а набрзо му се придружува и Ана. Даниел и предлага на Ана да оди во слушалницата и да замоли да им го пуштат дискот од Јелена Томашевиќ што го добија синоќа.

Наскоро сите студенти се будат и со полна пареа ја започнуваат новата работна недела. Сите со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на директорот за вообичаеното анализирање и коментирање на изминатата гала. После одгледаните настапи, следеа различни коментари како на своите, така и на туѓите настапи. Набрзо доаѓа времео подготовките за финалето. Пред студентите се наоѓа исклучително тешка работна недела, со оглед на тоа што треба да се спремаат за две гали, после кои само еден студент ќе излезе како победник.

Претпоследното декемвриско попладне студентите го користат за краток одмор и релаксација. Александар, Нина и Даниел разговараат во трпезаријата. Набрзо им се придружува и Ана, а Александар пробува да отспие на софата пред доаѓањето на директорот со песните за финалната гала веќер. Тоа сепак не му поаѓа од рака, бидејќи е повикан во слушалницата. Подоцна, сите студенти го користат времето да се одморат. Набрзо, Ана ги буди останатите, потсетувајќи ги дека набрзо ќе пристигне директорот.

Потоа доаѓа директорот соопштувајќи им ги на студентите песните што ќе ги пеат во финалето, а по неговото заминување следуваат и првите проби кај професорите Мирко и Снежана Вукомановиќ.

Некаде при крај на денот, доаѓа време Игор, по престој од 92 дена, да ја напушти академијата. Тој се поздравува со студентите порачувајќи им дека сите ги сака.

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (30.12.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk