Финална вечер

Највозбудливата гала вечер до сега, големото финале на првата сезона на Операција Триумф, ќе се одржи на 5 Јануари. На оваа гала конечно ќе го дознаеме и победникот.

Студентите ќе имаат можност да се претстават со три песни, една нова и две коишто според оцените на Академијата најдобро ги извеле на претходните гали. За жал, студентот што ќе биде исфрлен во полуфиналето нема да може да ги изведе овие песни.

Повторно ќе можеме да уживаме во звуците на „Тамара“ од Борис Новковиќ и „Чија си” од Тоше во изведба на нашиот Александар. Аднан исто така ќе пее песна од Тоше („Пратим те”), како и „Теби је лако” од Бојан Маровиќ. Нина пак, повторно ќе ги изведе „Царе” од групата Магазин и „My heart will go on” од Селин Дион. Ана ќе можеме повторно да ја слушнеме со „Тридесете” од Северина и „True Colors”. Даниел ќе ги пее „Хипнотизиран” од Дино Дворник и „Погледи у тами” од Сергеј Цетковиќ, додека Вукашин ќе ги изведе „Highway to hell” и „More than words”.

Покрај овие песни, кои веќе беа изведувани на претходните гали, студентите ќе испеат и уште по една, нова песна. Нашиот Александар ќе ја пее „Красива” од Здравко Чолиќ. Аднан ќе ја пее „Коприва” од Ал Дино, додека Нина ќе настапи со песната „Наџи ме” од Октобар 1864. Ана ќе ја изведе „Frozen” од Мадона, а Даниел ќе ја испее „ Мило моје” од сестрите Ковач. Вукашин пак, ќе ја изведе песната „Faith no more”.

За жал, еден од шестмината полуфиналисти нема да има можност да ги испее своите песни во финалето, бидејќи ќе биде исфрлен од страна на публиката на полуфиналната вечер. На нас останува да гласаме за нашиот Александар со СМС на бројот 141314 со текст OT ALEKSANDAR, за да го спасиме од испаѓање во полуфиналето, и да му овозможиме победа во првата сезона на Операција Триумф.

Comments :

0 коментари to “Финална вечер”
 

Банер размена

Bestips.mk