Финалето без светски ѕвезди?!?

Големото финале на шоуто „Операција Триумф“ треба да се одржи на 5ти Јануари, а како што дознава „Ало“ на него главни ѕвезди ке бидат самите студенти.

Планирано е таа вечер акцент да се удри на финалистите, но и на поранешните студенти, кои исто така ке имаат по некој настап. Иако многумина очекуваа на финалето да се појави уште некоја светска музичка ѕвезда (низ медиумите се шпекулираше за Ријана) продуциската куќа Имоушн се одлучи за друга варијанта.

„Сакавме таа вечер да биде во целост за нашите студенти. Финалистите ке имаат по неколку настапи, а како специјални гости се поранешните студенти на шоуто. Музичката програма секако ке биде исполнета, така да не е потребно да се носи „странско“ појачување, а и сакаме во таа вечер студентите да бидат на прво место“ изјави Маринела Квапил од Имоушн за „Ало“.

Иначе да напоменеме, во полуфиналната вечер на 4ти Јануари, гости се Аки Ракимовски и „Ју Група“.

Comments :

0 коментари to “Финалето без светски ѕвезди?!?”
 

Банер размена

Bestips.mk