Операција Триумф

Да се потсетиме како започна се...

Минатата година во Србија ја одбележаа големи концертни случувања, љубовни врски и разделби на славните и познатите, спектакуларен Евросонг, но и раѓање на нови музички ѕвезди и тоа пред будното око на народот!

Реалното шоу Операција Триумф од самиот почеток ветуваше многу- "шеснаесет млади и талентирани луѓе ќе се борат за блескава кариера. Во тоа ќе им помагаат најдобрите професори, а ќе ги оценува стручно жири."

Така и се случи. Од недела во недела имавме прилика да гледаме како млади луѓе од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора созреваат рок, поп и ар-ен-би ѕвезди.

Вака започна се...Почетокот на шоуто беше вечерта кога во куќата во Кошутњак се вселија 16 станари. Истата вечер ја обележа и настапот на поп-пејачката Анастасија.

Истата вечер започна студирањето за: Аднан, Андреа, Антонија, Вукашин, Никола Сариќ, Александар, Игор, Ана, Соња, Нина, Милица, Никола Пауновиќ, Ѓорѓе, Ивана, Јасмина и Даниел, а неколку недели подоцна и за Кристијан и Мика.

Во текот на 100те дена сите (признаваме) "студиравме", научивме да уживаме во добрата забава што ни ја приредува младите од регионот. Она што ќе ни остане во сеќавање се настапите на познаите светски ѕвезди.

Покрај Анастасија, бивша Југославија имаше прилика да ги слушне Џуниор Џек и Сакис Рувас, како и познатите домашни ѕвезди како Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Јелена Розга, Каролина, Северина, Горан Каран, Жељко Јоксимовиќ и многу други кои со своето учество го помогнаа проектот.

"Презадоволни сме со постигнатото во тв-продукцијата, но и фактот дека рализиравме проект што ги спои сите бивши југословенски републики" - изјави Маринела Квапил од продуцентската куќа Емоушн.

"Достигнавме светски стандарди, вложивме многу, а плодовите на работата допрва ќе се покажат и тоа на најдобар можен начин- со завршувањето на телевизиската сезона на Операција Триумф не завршува и проектот! Тој допрва почнува, а тоа е враќање на мејнстримот, односно поп-музиката на овие простори. Тоа ќе се случи не само со издавањето албум за победникот, туку и со кариерата на останатите студенти. Следниот серијал на ОТ ќе започне во 2010 година, од причина што сакаме да се посветиме на сегашните студенти"- додава Маринела.

Што се однесува до крајот на "школската 2008-09 година", ве потсетуваме дека на 4 Јануари не очекува полуфиналната вечер, на која гости ќе бидат Аки Рахимовски и ЈУ група, а на 5ти финалето, на кое, се знае, ѕвездите на вечерта- првата класа студенти на Операција Триумф!

Comments :

0 коментари to “Операција Триумф”
 

Банер размена

Bestips.mk