Студентите, шампиони во глупости!

Студентите на Академијата Операција тријумф можеби имаат талент за пеење, но нивната интелегенција, најблаго речено, е на низок степен!.

Еден од водителите на ОТ Драган Маринковиќ – Маца одлучил да ги тестира студентите, поставувајќи им неколку прашања за кои не им беше потребно особено познавање, односно само логика. Но студентите, покажаа одреден степен на незнаење.

Издвојуваме само неколку од прашањата како и од смешните одговори.

Едно од прашањата беше: „Каде ќе бидат погребани ПРЕЖИВЕАНИТЕ патници од авионска несреќа на канадско – американската граница?. Одговорот од студентите беше:
„Во Америка!“, „Во Канада“, а Вукашин се обиде да биде дециден: „На гробишта!“.

Никола Пауновиќ се обиде да размисли и потоа одговори: „Хм, би било лесно ако кажам дека некои ќе бидат погребани во Канада, а некои во Америка....“.

Секако, на никому не му текна дека преживеаните патници не треба да се погребуваат.

Имаше и прашање од типот: „Што пишува на банкнотата од три динари?“. Одговорите беа: „Па, три динари“, или „Не знам“. Инаку, банкнота од три динари не постои.

Сепак, најспектакуларниот одговор го даде Аднан Бабајиќ на прашањето:
„Што беше пред 1945 година?“ ( одговорот е 1944 година ). Аднан после кратко размислување, одговори: „Што беше, лелеее? Што беше – беше!“.

Популарниот Бабаја убедливо победи, а од водителот Маца го доби епитетот: „Многу опасен за околината“.

Comments :

0 коментари to “Студентите, шампиони во глупости!”
 

Банер размена

Bestips.mk