Ана, Нина и Даниел ја украсија Академијата Операција Триумф, сите учетсвуваа во китење на елката, Аднан подготви вечера... Излегувањето на Соња ги растажи студентите, најмногу симпатичната Ана Бебиќ, која ја фати претпразничната депресија, ламентирајќи над својата судбина што сега “ не е дома за Божиќ, да ги гледа светилките, украсите, да се облече топло и да и се гледаат само очите“.
Вукашин се обиде да ја утеши давајќи и чоколадо бидејќи таа го “подигнува расположението“.
За да не се почувствуваат потполно “надвор од светот“ студентите ги добија украсите и елката. Ана живна и со Нина и Даниел се фрли на работа, а во меѓувреме добија и гитара, па атмосферата беше на ниво.
Аднан одлучи да ги почасти двајцата студенти со католичка вероисповед, Ана и Игор Цукров подготвувајќи печење ( во прашање е бела птица – мисирка или пилешко не сме сигурни, веруваме дека е мисирка).
Трепезариската маса била посебно украсена, сите студенти се дотерале. Игор и Ана запалиле свеќа, а потоа Игор побара и еден православен тоа да го направи – Даниел ја фати Нина за рака и заедно запалија свеќа.
Игор кој инаку студира теологија, потоа одржа природна проповед, посакувајќи им на сите се најдобро, а Вукашин на Ана и на Игор им честиташе на следниот начин: “ Знам дека ви е тешко што вечерва, на Божиќ, не сте со своите, но мило ми е што јас вечерва сум со вас“.
Почна честитањето, а бакнежи доби и Нина која го прославува и католичкиот и православниот Божиќ, бидејќи татко и е католик.
Ако Операција Триумф имала некаква цел, тогаш тоа е секако духот на заедништвата на младите луѓе, кои покажаa дека немаат предрасуди и дека можат навистина нормално да функционираат, без оглед на тоа кој од каде е.
извор: www.exc.com.mk
Духот на празникот и во Академијата
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар