Соња Бакиќ, последната студентка што ја напушти академијата Операција Триумф, според многумина ја засени и светската ѕвезда Анастасија кога пееше со неа. Сепак, тоа не и помогна да се пласира во финалето на Операција Триумф, бидејќи во понеделникот публиката реши таа да ја напушти куќата во Кошутњак. Следува интервјуто со Соња што е направено еден ден по напуштањето на куќата:
Дали си разочарана поради напуштањето на академијата?
Соња: Ќе бидам искрена и ќе кажам дека сум. Ако веќе толку долго издржав, жал ми е што не останав до Божиќ и до финалето. Мислам дека го заслужив тоа.
Што највеќе ти недостасуваше во куќата?
Соња: Дечко ми! Едвај чекам да го изгушкам и избакнам, а тоа ќе го направам за неколку часови.
Во куќата имаше физичка пресметка со Даниел Павловиќ. Претпоставувам дека не треба да те прашуваме кој највеќе те нервираше.
Соња: Тоа воопшто не беше физичка пресметка. Ме нервираше поради својата немарност и безобразлук. Поради тој инцидент не отиде на журката и мислам дека тоа му беше многу силна опомена.
На него. А на тебе?
Соња: Да бидам искрена, не сум љубител на такви случувања, но не ми беше сеедно што останав во куќата додека моите колеги се забавуваа.
Дали сметаш дека имаш реални шанси да успееш во светот на музиката?
Соња: Тоа не можам да ви го одговорам, се е оставено на луѓето што се задолжени за нашата кариера после ОТ. На мене останува само да се надевам.
Кој ќе победи?
Соња: Александар Белов.














Comments :
Објави коментар