И Игор падна пред Вукашин

На 13 по ред гала вечер од најгледаното реално шоу на Балканот, „Операција Триумф“, Игор е студентот кој ја напушти академијата, а Вукашин по 4 пат излезе победник од двобоите за опстанок, како и што се очекуваше според мислењето на публиката по форумите на Балканот.

На оваа гала за прв пат немаше гласање за фаворит, па не знаеме кој имаше најмногу гласови, но тоа и не е важно бидејќи преостанатите шест студенти се веќе полуфиналисти.

Покрај одличните настапи на студентите, на оваа гала беше направен „случаен“ пропуст на штета на Македонија и македонските граѓани. Кога пееше Александар, на екраните се појавија само неговото име и годините, а не и државата од која доаѓа како што пишува за останатите студенти. И во иста вечер по иста таква „случајност“ Александар требаше да ја пее песната „Скопје“. Коментирајте за ова на блогот наменет за тоа на официјалната страна тука.

Но и покрај неправдите на организацијата и посебниот третман кој го има Александар од жирито, со тоа што никогаш не им се допаѓа, сепак неможат да го паднат, тој е и ке остане фаворит на публиката!

Гласате за Александар на 141314 со СМС со текст OT ALEKSANDAR за да не испадне во недела во полуфиналето и да победи во понеделник!!!

Напишаниот текст кога пееше Александар, и за споредба текстот кога пееше Аднан.
клик на сликата за поголемо

Comments :

0 коментари to “И Игор падна пред Вукашин”
 

Банер размена

Bestips.mk