Хрватскиот пејач Горан Каран одржа солистички концерт во Белград. Сепак во ВИП ложата од преполната Сава центар, низ публиката се слушаа само нам добро познатите имиња – „Бебичка...Даниел...Александар...“..
Младите студентите на академијата од „Операција Триумф“ по 89 дена поминати во куќата и 12 гала вечери, првиот „вистински настап“ го имаа во белградската „Сава Центар“ пред неколку илјади луѓе.
Гостинот на предходната гала од ОТ, Горан Каран, ги покани студентите да му се придружат на сцената за заедно да ја изведат „Stand by me“.
Штом се појавиа во Сава Центарот Аднан, Игор, Александар, Вукашин, Даниел, Ана и Нина беа поздравени со огромен аплаус!
По „загревањето“ на ѕвездата на вечерта, на бината излетаа разиграните студенти од ОТ.
Придржени со тактовите на песната, публиката беше забаваувана од овие млади ѕвезди. „Stand by me" и покрај малиот број на микрофони, ја изведија перфектно.
Вака изгледаа припремите...
...а атмосферата по нивниот настап е невозможно да се опише. Како што ни тие неколку минути по концертот не можеа да ги опишат своите емоции.
„Феноменално!“, рече Аднан во емисијата „Најлоши од сите деца“. „Преубаво чувство, се наежив, што да кажам?!“
„Беше супер, но цело време морав да мислам како да го соберам стомакот, заради корсетот кој го облеков“, рече слатката Бебичка.
Игор Цукров пак беше нешто позборлив: „Беше прекрасно, но најубаво беше кога влеговме и кога цела сала почна да ни аплаудира и да ги извикува нашите имиња! Тоа е незаборвно. Едвај чекам тоа да ми се случи повторно!“
Даниел исто така беше обземен од емоции. „Во шок сум! Јас мислам дека ние не сме свесни каде пеевме. Пред преполна „Сава центар“! Тоа е чест!“.
Студените на овој јавен час покажаа желба и тие да одржат свои солистички концерти. Ние им посакуваме само успех и многу подобри концерти од овој.














Comments :
Објави коментар