Зад нас е уште една, дванаесетта по ред гала вечер. Студентите имаа доста успешни настапи. Гостите на галата, Александра Радовиќ, Горан Каран и Џуниор Џек, имаа одлични дуети со студентите.
Од номинираните студенти, публиката по втор пат реши да го спаси Вукашин. За разлика од него, Соња веќе нема да ги придружува студентите во куќата, што значи дека истануваат само уште две девојки на академијата.
Што се однесува до фаворитот на публиката, работите останаа непроменети и нашиот Александар повторно е имун на номинациите на жирито. Оваа недела жирито реши да ги номинира Нина, Вукашин, Игор и Аднан. Директорот одлучи да ја спаси Нина, додека студентите решија својот глас за спас да му го дадат на Аднан, што значи дека номинирани овојпат се повторно Вукашин, и за првпат Игор Цукров.
Имено треба да напоменеме дека ова се последните номинации од страна на жирито и дека од наредниот понеделник, за студентите ќе одлучува исклучиво публиката.
Соња испаѓа, Вукашин и Игор номинирани
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар