
На дванаесеттата по ред, една од последните гали на академијата Операција Триумф, со студентите ќе настапат гостите Александра Радовиќ, Горан Каран, како и специјалниот гостин Junior Jack.
Нашиот Александар овојпат ќе ја пее "Остани", заедно со Горан Каран. Со гостинот ќе пее и Даниел, кој ќе ја изведе "Вагабундо". Со гостинката од понежниот пол, пак, ќе пеат Нина ("Чувам те") и Ана ("Ниси мој"). Аднан ќе ја пее "Живим да те надјем" од Владо Георгиев, додека Игор ќе ја изведе "Angie" од Ролинг Стоунс.
Што се однесува до номираните студенти, Соња овојпат ќе изведе 2 песни- "Beware of the dog" од Jamelia и "Stupidisco" со специјалниот гостин Junior Jack, додека Вукашин ќе пее песна што самиот ја одбра, "Nothing else matters" од Металика.
Покрај овие песни, студентите ќе изведат и неколку дуети и групни песни. Игор, Вукашин и Ана заедно ќе изведат и 2 песни- "Ми плешемо" од Прљаво Казалиште и "Маљчики" од "Идоли". Како и претходната гала, преостанатите три студентки повторно ќе пеат заедно, но овојпат ќе ги изведат "SOS" и "Disturbia" од Рајана и "Tainted love" од "Soft Cell". Нашиот Алексадар ќе ги пее "Џули" од Даниел Поповиќ и "Karma Chameleon" од Boy George заедно со црногорката Нина, а Даниел ќе настапи во дует со Аднан со песните "Стојим на кантуну" и "Сунчан дан". Како и обично, номинираните студенти ќе настапат во дует, а овојпат тоа се Соња и Вукашин со песната "Свет туге" од групата Негатив.
Да не заборавиме да напоменеме дека од оваа гала се укинува гласањето за фаворит на публиката, што значи дека нашиот Александар за првпат ќе биде изложен на оценување од стррана на жирито, а без разлика на неговиот настап, не се исклучува можноста да биде номиниран.














Comments :
Објави коментар