Соња за малце не го истепа Даниел

На академијата во „Операција Триумф” за малце не се започна тепачка помеѓу Соња и Даниел. Тие прво се закараа на часот по пеење околу музиката и иако изгледаше само како наивна кавга, Соња во еден момент физички се пушти кон Даниел, кој безуспешно ја туркаше од себе.

Се започна кога студентките и Даниел кај професорот Пајевиќ заедно го одредуваа тоналитетот за песната „Чувам те”. Даниел не се сложи со мислењето на Нина и Соња, а србинката се обидуваше да го убеди дека греши, а тој одговараше со зборовите:
„Ќути ти! Ти си проста! Не се бламирај!“ извикуваше тој, а Соња скокна од столицата.

„Дојди ваму!!!“ извика Соња, а Даниел скокна од столицата.
„Ке имаш проблеми Соња, немој тоа да го правиш“ се обидуваше да ја смири Даниел, но таа веќе го имаше фатено за рака, почна да го турка, и во еден момент грубо му ја извади капата од главата.
„Само уште еднаш обрати ми се!“ се закануваше Соња, додека Даниел се обидуваше да се извлече.

„Тргни се, тргни се од мене кретенко ретардирана“ извика Даниел, а професорот Пајевиќ и Нина тргнаа да ги разделат.

Соња се тресеше од бес и беше спремна да го удри Даниел.
„Чекам да се смириш, бидејќи ништо не ми можеш“ му рече Соња.
„Ти мене прва ме нападна!“се бранеше Даниел.
После неколку минути откако ситуацијата се смири, Соња извика:
„Имам неколку недели време да го избијам, а не сум единствената која го сака тоа!“

Заради оваа казна, Соња и Даниел не заминаа на забавата на која отидоа сите студенти, а тие двајца останаа сами во куќата и се смирија.

Бидејќи сега бројот на студенти се преполови, па има доволно место и во едната и во другата соба, сите студенти се договорија да спијат во женската соба, за да бидат заедно. Но, Даниел ке остане сам да спие во машката соба.

Comments :

0 коментари to “Соња за малце не го истепа Даниел”
 

Банер размена

Bestips.mk