Учесникот на шоуто Операција Триумф, доби информација дека ке ја претставува Босна и Херцеговина на изборот за песна на Евровозија во Москва.
Аднан Бабајиќ, од Босна, ако судиме по зборовите на неговиот татко ке ја претставува Босна на Евровизија. Бабаиќ овие информации ги изнесе на Live Stream-от непосредно по завршувањто на галата.
„Луѓе, морам ова да ви го кажам, тато пред малце ми кажа дека се е завршено и дека сигурно одам на Евровизија како претставник од Босна и Херцеговина“ рече Аднан, иако според правилата на Имоушн, забрането е да се внесуваат правила од надворешниот свет во куќата.
Информацијата татко му, му ја пренел после неговиот настап додека седел на клупата со останатите студенти.
Досега се шпекулираше дека некои од финалистите ке се појават на натпреварувачкиот дел на Беовизија, но тоа мора да биде србин. А тоа може да биде или Даниел или Соња, бидејќи само тие се преостанати срби во куќата. Според информацијата од Аднан, тој оди директоно во Москва без предходни квалификации.Потврдување на целата приказна се обидовме да добиеме од Исмета, членка на жирито, но исто така и една од претставничките на босанската делегација за Евровизија. Таа не можеше ништо да ни каже, со објаснување дека се уште е рано за тоа.














Comments :
Објави коментар