Помина и уште една 11та по ред гала вечер на Операција Триумф.
На самиот почеток на галата водителите навестуваат дека со крај остануваат уште само три гали, и дека наскоро ќе се знае победникот на првата сезона од Операција Триумф.
Набрзо дознаваме дека следниот студент што ја напушта академијата, наспроти сите очекувања, е Никола Сариќ. Жирито изјави дека има понатамошни планови со Сајко и дека планираат тој да биде еден од членовите на бендот, покрај Вукашин, Ѓорѓе и Никола Пауновиќ. Сајко не ја прифати оваа идеја премногу воодушевено, и видно разочаран изјави дека му е жал што ја напушта академијата при самиот крај.
Вчерашната гала ќе биде запамтена по сексапилниот настап на Ана Бебиќ, како и сега веќе вообичаеното препукување помеѓу водителот Милан Калиниќ и едниот член на жирито, Тончи Хуљик. Главни гости беа Петар Грашо и Каролина Гочева, а за следната недела најавено е на сцената да се појави Junior Jack.
Имено, што пробува да направи двочленото жири, веројатно им е јасно само нив. Покрај комплиментите што ги добија повеќето студенти, вклучувајќи ги и девојките, жирито сепак се реши да ги номинира трите девојки, заедно со Вукашин, кој претходно веќе ја преживеа номинацијата. Оваа идеја, очигледно не му се допадна на директорот Саша Драгиќ, кој јавно го искажа своето несогласување околу одлуката на жирито. Тој повторно реши да ја спаси Ана, изјавајќи дека како што публиката константно го спасува Александар, така тој ќе ја спаси Ана.Студентите пак, решија да ја спасат Нина, така што номинирани за следната недела остануваат Соња и Вукашин.
Што се однесува до нашиот Александар, тој и овојпат беше прогласен за фаворит, инаку сигурно не би ја избегнал клупата за номинации, бидејќи доби само негативни коментари од страна на жирито.
Даниел пак, повторно ги доби сите комплименти од "објективното" жири. Тончи му порача на Даниел да не го истакнува толку својот талент за глума, туку да се посвети на пеењето.
Аднан, Соња, Нина и Ана Бебиќ добија комплименти за своите настапи, а на Игор повторно му замерија дека не внесол доволно емоции во песната. Сепак, не беше номиниран, иако покрај Алексансар доби највеќе критики.
Студентите, посебно Вукашин и Игор, очигледно не беа баш задоволни со коментарите на жирито.
Дали Вукашин ќе ја преживее новата номинација, сепак останува да се види.
Испадна Сајко, Вукашин и Соња новите номинирани
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар