Никола П. : „Даниел се сокри како глушец“

Излегувањето на Никола Пауновиќ од Академијата Операција Триумф ги растажи расплака повеќето студенти, а најмногу машките. Аднан лееше солзи, Вукашин исто така не можеше да се воздржи, Ана Бебиќ со која Никола Пауновиќ се зближи во изминатите две недели беше исто така премногу возбудена.

Сепак, едн студент не беше присутен во текот на вообичаениот „ритуал“ на студентите кога некој ќе биде исфрлен. Даниел не се поздрави со Никола и на прв поглед изгледаше како случајно, бидејќи беше во другата просторија. Меѓутоа.....

По излегувањето од Академијата , Никола П. во емисијата „ОТ – Мозок“ објасни дека Даниел не сакал да се поздрави со него.

„Даниел се сокри како глушец! Не ме изненади, ниту ме погоди тоа негово однесување. Сепак, ова не го очекував“, рече Никола Пауновиќ, кој не сакаше многу да разговара за односите со „проблематичниот“ Даниел.

„Тој е таков – каков што е. Ние не бевме некакви другари, а нема потреба ниту да се видиме по завршувањето на шоуто“, додаде Никола П. студентот кој ќе остане запаметен по тоа што беше најмногу пати номиниран од почетокот на ОТ.

Извор: http://www.exclusive.com.mk

Comments :

0 коментари to “Никола П. : „Даниел се сокри како глушец“”
 

Банер размена

Bestips.mk