Песни за следната гала

Како и секој вторник, така и овој, околу 17.00 часот директорот пристигна во академијата со списокот со новите песни. Гости на следната гала ке бидат Петар Грашо и Каролина Гочева.

Со Каролина ке настапат сите три девојки со песната „Lady Marmalade“, а Нина и посебно ке ја изведе песната „Мојот свет“.

Со Петар ке настапи Даниел со големиот хит на хрватскиот пејач „Уторак“ и Аднан со песната „Вера од сувог злата“. Аднан исто така ке ја пее и песната „Има нека тајна веза“ заедно со нашиот Александар, кој пак соло ке ја пее песната „Тајно Моја“ од Тоше Проески, втора песна на оваа гала на македонски јазик.

Ана Бебиќ покрај песната со Каролина и останатите девојки ке ја пее и песната „Womanizer“ од Бритни Спирс, како и од Queen „We will rock you“ и „We are the champions“ заедно со Соња, Даниел, Вукашин и Сајко, а Соња соло ке ја пее „La vie en Rose“ на француски.

Игор ке ја пее песната „Једна зима са Кристином“ од Здравко Чолиќ и „My heart will go on“ заедно со Нина.

Од номинираните студенти, Вукашин ке ја пее песната „Smiles like teen spirit“ од Нирвана, за која не беше баш задоволен иако тој ја бираше, а Сајко ке ја пее „Дошао сам да ти кажем да одлазим“. Дали има некаква симболика ке видиме. Во дует ке ја пеат песната „Балкан“ од Џони Штулиќ.

Гледајте ги како студентите се спремаат до следната гала преку стримот тука.

Comments :

0 коментари to “Песни за следната гала”
 

Банер размена

Bestips.mk