Никола П. си оди дома, Сајко и Вуки номинирани!!!


Помина и уште една, десетта по ред, и досега највозбудлива гала вечер од шоуто Операција Триумф.

На оваа гала, од номинираните студенти од минатата гала, Никола Пауновиќ и Ана Бебиќ, според гласовите на публиката, а и гласовите на нашиот сајт, академијата ја напушти Никола Пауновиќ.

Погоре и подолу сите студенти имаа одлични настапи, а жирито ги номинираше Никола Сариќ - Сајко, Вукашин, Соња и Ана Бебиќ. Директорот на академијата, Саша Драгиќ, својот глас за спасување го даде за Бебиќ, додека студентите ја спасија Соња, а Сајко и Вукашин, заслужено, се новите номинирани за следната седмица.

Нашиот Александар имаше одличен настап со Емина Јаховиќ, и повторно беше избран за фаворит на публиката.

Comments :

0 коментари to “Никола П. си оди дома, Сајко и Вуки номинирани!!!”
 

Банер размена

Bestips.mk