Еден добар дел од студентите на академијата, не мора да се грижат за нивната идна музичка кариера, според најавите на лицата од продуциската куќа Имоушн.
Во план е да се формира еден машки бенд, што и го навестија членовите на жирито, но и едно женско трио, во состав: Нина, Ана Бебиќ и Милица, која неодамна испадна од шоуто. Идејата е едноставна, три убави гласа, од три убави девојки, од три различни држави - Кој нема да купи нивно цеде?
Во машкиот поп-рок бенд пак, членови ке бидат Вукашин, Ѓорѓе и Никола Сариќ - Сајко, а на клавијатури да им се придружи и Ивана Никодијевиќ, првата студентка која ја напушти академијата. Иначе, Ѓорѓе и Сајко веќе почнаа со спремање на дует, за компилација која им ја обеќа директорот, Саша Драгиќ.
Ако на овие планови се додеде и соло албум на Игор Цукров, изјавата на Марина Туцаковиќ дека ке му ги напише сите песни за неговиот албум на Даниел (што изгледа нема да се случи после трагедијата), како и најавата на Тончи Хулиќ дека ке му напише песна на еден студент за хрватскиот избор за песна за Евровизија, тогаш Операција Триумф е навистина голема отскочна даска за сите кои учевстуваа.
И да не заборавиме да напоменеме дека секој ден шоуто го гледа „пола Југославија“.














Comments :
Објави коментар