На српските форуми се појави интересна теорија според која куќата каде живеат студентите од Операција Триумф, била проколната. Имено, форумистите ја поврзуваат несреќата, која се случила во непосредна близина пред 140 години, со смртта на синот на Марина Туцаковиќ.
Во Белградскиот шума – парк Кошутњак пред повеќе од 100 години бил убиен кнезот Михајло Обреновиќ,
а покрај него во атентат страдала и неговата сестра. Според мислењето на многумина, ова случување е всушност почеток на трагична низа несреќи.
Тој парк во Коштуница старите Белграѓани и денес го избегнуваат, а токму во непосредна близина е изградена куќа во која се снимаше српскиот Big Brother, а сега и Операција Триумф.
Смртта на Милош поврзана со минатогодишните натпреварувачи на Big Brother?
Од изградбата на “проколнатата“ куќа се случиле низа разни несреќи. Као една од нив,
форумистите најмногу ја споменуваат смртта, односно трагичната несреќа, на исфрлените станари од минатогодишното шоу Big Brother.
23 – годишниот Стеван од Нови Сад, 24 – годишната Зорица од Земун и 26 – годишниот Елмир од Тузла, беа станари во куќата и, после испаѓањето доживеале автомобилска несреќа. Челните лица од продукцијата Emotion тогаш го прекинаа шоуто поради трагичните околности.
После една година сите помалку се опоравиле од несреќата, а сега, месец дена пред крајот на Операција Триумф се случи трагедија, смртта на синот на Марина Туцаковиќ.
Милош Радуловиќ почина во понеделникот во семејната куќа во центарот на Белград, а мртвото тело беше најдено од неговата девојка. Најверојатно е дека се предозирал со дрога.
Покрај овие две трагедии се наведува и смртта на дедото на Даниел и Џорџе, изненадната болест на Даниел Алибабиќ,
еден од учесниците на минатогодишното VIP Big Brother, кој по гостувањето во куќата открил дека има големо оштетување на црниот дроб.
Дали е ова само лоша коинциденција или навистина се работи за проклетство на куќата никогаш нема да дознаеме, но голема е веројатноста дека многу потенцијални натпреварувачи ќе размислат пред да се одлучат да спијат во неа.
извор: www.exc.com.mk
Операција Проклетство: Куќата каде што спијат студентите е проколната!
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар