Ѓорѓе во студио

Неодамна исфрлениот студент, Ѓорѓе Гогов, на неколку часови се врати назад во академијата Операција триумф”. Иако немаше прилика да се поздрави со останатите студенти, тој помина 2 часа во студиото на академијата заедно со Никола Сариќ. Имено, студентите веќе неколку дена ги испробуваат нумерите кои би требало да се најдат на компилацијата која најверојатно ќе излезе до Нова година. Во студио досега влегоа: Ана, Александар, Даниел, Вукашин, а завчера таа можност ја добија и Ѓорѓе и Никола Сариќ. Нивните песни ги подготвија Владо Грајиќ Граја и Саша Милошевиќ Маре, автори на минатогодишната победничка песна на Евровизија”.

Испробувавме две песни, а Маре и Граја гледаа која песна на кој повеќе му лежи. Првата е во некој мејнстрим рок стил, а другата е замислена како електроника со гитара, нешто како мешавина од новиот албум на Ван Гог”, „Linkin Park” и „Rammstein”. Задоволни се како звучат песните, но сеуште не се знае на кој која песна ќе му припадне” - открива Ѓорѓе и напоменува дека компилацијата сеуште е во почетна фаза.

Со студентите на првата компилација ќе соработуваат истакнати автори како Тончи Хуљиќ, Марина Туцаковиќ, Скај Виклер, Саша Милошевиќ, Владо Грајиќ и др. Ѓорѓе, како првиот исфрлен студент што влегол во куќата, изјави дека многу му било мило што го гледа Никола Сариќ, иако немале можност да разговараат. Ѓорѓе додава дека, ако му се пружи можност, повторно би влегол во куќата.

Инаку, постои можност во студиото на академијата да влезе и исфрлената студентка Милица Мајсторовиќ.

Comments :

0 коментари to “Ѓорѓе во студио”
 

Банер размена

Bestips.mk