Приказната на Марина Туцаковиќ во Операција Триумф е завршена

Марина Туцаковиќ, авторка на стиховите од многубројните песни и членка на жирито во Операција Триумф, наводно потврди дека нема да се врати во шоуто.

„Марина е на граница од нервен напад. Смртта на помладиот син Милош целосно ја уништи и воопшто нема сили да се бори со трагедијата. Со неа се сопругот Александар Фута Радуловиќ, другиот син Милан како и блиската пријателка, пејачката Цеца Ражнатовиќ која не се одвојува од неа.

Марина инсистирала никој од бројните пријатели и членови на поширокото семејство да не доаѓаат во нејзината куќа и покрај обидите да и се приближат и да се обидат да ја утешат“, пренесува српскиот весник Press Online.

Иако никој од Emotion не се изјасни и не потврди дека Марина Туцаковиќ нема да продолжи со учеството во Операција Триумф, близок извор на Марина ја потврди оваа информација.

„Марина е голем професионалец и во време на најголемите проблеми вредно работеше на пишување текстови, но сега нема намера да се врати. Нејзиното учество во Операција Триумф е завршено, а сега на сите им е најважно Марина од сета таа ситуација да излезе што по нормално“, изјави една од пријателките на Марина и пејачка која сакаше да остане анонимна.

Милош Радуловиќ веројатно почина од преголема доза на дрога

Синот на Марина Милош Радуловиќ почина во понеделникот во семејната куќа во центарот на Белград, а мртвото тело го пронашла неговата девојка. Најверојатно тој се предозирал со дрога, но официјални информации сеуште нема.

Сите сочувствуваат со Марина и нејзиниот сопруг, од Лепа Брена, Аца Лукас, Северина, Здравко Чолиќ, Мишо Коваќ па се до Сека Алексиќ и групата Магазин. Со нив Марина соработувала долги години и со многумина покрај ваквата соработка се дружела и приватно.

„Со Марина и Фута 25 години сум пријателка, а и децата им ги познавам од кога се родени. Искрено сочувствуваме со нив во нивната болка. На сите ни е тешко, но на нив им е најлошо“, изјави Лепа Брена.

Гала вечерта која поради оваа трагедија не се оддржа во понеделникот е поместена за наредната недела, а продукцијата дополнително ќе најде трет член од жирито кој наместо Марина Туцаковиќ ќе одлучува за судбината со студентите.

Планираните гости за наредната Гала вечер требаа да бидат Јелена Розга и Емина Јаховиќ, но официјално сеуште не е потврдено дали ќе настапат наредниот понеделник.


извор: www.exc.com.mk

Comments :

0 коментари to “Приказната на Марина Туцаковиќ во Операција Триумф е завршена”
 

Банер размена

Bestips.mk