Преглед на денот (20.12.2008)

"Вера од сувог злата", која што на претходната гала ја изведе Аднан во дует со гостинот Петар Грашо, е песната што ги буди студентите ова саботно утро.


На часот по фитнес повеќето
студенти играат одбојка со професорот Пајевиќ додека Даниел вози велосипед. Помеѓу крајот на овој час и почетокот на следниот, Александар и Аднан пеат и свираат во салата за играње. Професорот "Feelgood", кој им прави друштво, бара од Александар да му отпее некоја права македонска песна.

Подоцна, во посета на студентите доаѓа професорот Пајевиќ и Милица Церовиќ, па Аднан во кујната спрема уштипци за да ги послужи. За да биде комплетно уживањето во саботниот доручек, професорот Пајевиќ донесе и суџук (вид на кобасица).

Подоцна, една група студенти оди на час по пеење, а друга во салата за играње.

Попладнето е резервирано за проби во салата, на кои професорите Мирко и
Снежана Вукомановиќ им даваат совети на студентите пред утрешната генерална проба. Професорите се посебно задоволни со изведбата на Игор, Вукашин и Ана. Тие им советуваат на студентите да задржат одредена доза на озбилност на сцената.

Вечерта, студентите го поминуваат времето во дневната, разговарајќи. Тие се сеќаваат на Анастасија и на првата гала вечер. Во тој момент, Вукашин кажува дека то
ј воглавно ги знае странските песни со кои настапувал Тоше Проески. Александар признава дека приватно не слуша многу странска музика.

Подоцна, студентите се спремаат и заминуваат на емисијатa "Најлоши од сите деца".

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (20.12.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk