ИМОУШН веќе спрема ОТ 2

Реалното шоу „Операција Триумф", иако со послаб рејтинг од очекуваниот, сепак ке добие и второ продолжение.


„Во план е продолжување на „Операција Триумф", но не следната година. Причина за тоа е што сакаме овие студентите да бидат адекватно промовирани, и од нив да направиме светски музички ѕвезди“ изјави за Press Маринела Квапир.


Сепак во следната 2009та година, „Имоушн ке има друго шоу. Имено, во план е емитување на нови серијали од „Big Brother", во ВИП и обична варијанта.


„Во план е да на крајот на зимата и почетокот на пролетта „VIP Big Brother", или така наречениот „All stars", во кое ке учевстуваат познати фаци од првите два серијали. Нормално не сите, бидејќи тоа не е можно. Не можам да откријам кој ке бидат, ни дали ке има нови гости. Исто така од Септември ке почне и класичниот „Big Brother“ - рече Квапил.


Останува да видиме дали по големиот успех на „Операција Триумф“ во Македонија ке вклучат и македонски натпреварувачи во „Big Brother“.

Comments :

0 коментари to “ИМОУШН веќе спрема ОТ 2”
 

Банер размена

Bestips.mk