Преглед на денот (16.12.2008)

Вечерта после галата студентите не си легна одма, него останаа до покасно и разменуваа впечатоци од галата.

Соња рече дека е изненадена за номинацијата, бидејќи жирито рекло дека сите девојки одлично испеале, а Ана е изненадена што била во првите четри фаворити на публиката. Додека нашиот Алексндар призна дека е изнервиран од коментарот на жирито.

После сумирањето на впечатоците студентите си легнаа, а утрото ги разбуди песната „Lady Marmalade“ која на галата ја испеаа Ана и Соња со гостинката Каролина.

Околу 14 часот, како и секој вторник, доаѓа директорот за сите студенти заедно да ја проследат гала вечерта. За време на гледањето секој даваше своја реална оценка, а по фацата на Александар се гледаше дека не е најзадоволен од својот настап. Директорот исто така им напомена дека сега се се помалце и дека треба повеќе труд да вложуваат во настапите.

По гледањето на галата, повеќето од студентите си легнаа да спијат, а другите разговараа во дневната соба и со нетрпение го очекуваа директорот со новите песни.

Директорот соопшти дека на следната гала вечер гости ке бидат Junior Jack, Александра Радовиќ и Горан Каран. Целата листа со песните наскоро...

Потоа, на часот кај професорите Мирко и Снежана, студентите пред да почнат со вежбање на новите песни, разговараа за синоќешната гала, и тие му замерија на Александар за лошата интерпретација, но не му го кажаа тоа лично по совет од Ана, која изјави дека тој е доволно скршен по коментарите на жирито.

После првите овонеделни часови за новите песни, дојде време и за студентите да се опростат со Никола Сариќ. Но пред да излезе тој изрази желба дека тој сака да одигра уште една парија „Не лути се човече“. Во тоа друштво му правеа Соња и Игор.

Пополека почна да се поздравува со сите, а беше видно задоволен што ке си оди и ке се види со пријателите, но сепак му беше мака што заминува.
Откако Сајко ја напушти академијата, студентите почнаа да разговараат за него, а Даниел изјави дека веќе ке немал со кој да се шали во академијата, бидејќи само со Сајко бил другар.

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (16.12.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk