Ова утро студентите ги разбудија звуците на песната „Још ти се надам“ која на предходната гала ја изведе Александар, заедно со гостинката Емина Јаховиќ.
После утринскиот фитнес, во трпезаријата Соња и Никола се пожалија како Александар лошо ги измил садовите, а Нина забележа дека била поправена.
На часот по играње кај професорката Милица, студентите се жалеа на замор, а кај професорот Пајевиќ стандардно се пееше.
Ана му призна на професорот Пајевиќ дека вчера пробала да пуши цигари но дека тоа не и’ се доапаѓало на што професорот се налути, и и’ рече дека не сака да доаѓа на неговите приватни часови.
Попладнето во салата за играње, Нина ја вежбаше нејзината песна за престојната гала „Мојот свет“, а Александар и’ пееше како пратечки вокал.
Професорката Снежана и’ замери за последната строфа која е на Англиски, дека лошо ја извела, а професорот Мирко ја советуваше да биде малце внесе повеќе ентуизам во пеењето бидејќи Каролина ке биде многу поенергична од неа на сцената.
После Нина, Сајко и Вукашин ја пееа песната „Балкан“ и Вукашин се распрашуваше за некои зборови кои не ги разбирал.
Вечерта студентите, во дневната собра разговараа за тоа кој посакуваат да бидат следни гости на гала вечерите, а Алексндар, Ана и Аднан играа „Не лути се човече“ во трпезаријата.
Преглед на денот (13.12.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар