Преглед на денот (12.12.2008)

Ова утро студентите се будат со песната „Хипнотизиран“, што на претходната гала ја испеа Даниел.

Веднаш после будењето избива конфликт во машката спална соба, бидејќи Даниел не престана да зборува, иако Вукашин го замоли да престане. Набрзо, студентите заминуваат во салата на час по фитнес.

Часот по фитнес почнувасо мерење на тежината на студентите и споредба со првобитните резултати. Професорот Плечевиќ констатира дека Александар највеќе напредувал за овие два месеца. После тренингот студентите се враќаат на академијата на доручек.

Наскоро се огласува ѕвоното за почетоток на часовите по играње и пеење и студентите заминуваат во салата за играње и училницата. Професорката Милица им ја покажува новата кореографиаја на Ана, Нина, Соња и Даниел, додека професорот Пајевиќ им дели совети на останатите студенти како подобро да ги изведат своите песни.

На часот кај професорот Пајевиќ, Игор и Нина во дует ја пробуваат песната „My heart will go on"- музичката тема од Титаник. Во меѓувреме, часовите продолжуваат и студентите даваат се од себе за да бидат што е можно подобри на следната гала.

По завршувањето на часовите, студентите се враќаат на академијата. Паузата после ручекот повеќето ја користат за одмор, за да соберат сила за преостанатиот дел од денот. Оние кои не се толку уморни, разговараат на најразлични теми. Нина се шегува на сметка на својот стајлинг, коментирајќи дека откако ќе ја чуе модната критика, ќе биде исфлена од академијата.

Попладнето студентите го поминуваат на час кај професорката Вукомановиќ. Денес се на ред пробите со бендот за настапите на претстојната гала. Соња и Ана ја изведуваат нумерата "Lady Marmalade". Професорката признава дека е доста задоволна, порачувајќи и на Ана дека постигнала очигледен напредок во нејзиниот сценски настап, во однос на претходната недела. Девојките и ја покажуваат на професорката новата кореографија. Таа коментира дека е одушевена, и им кажува дека се ќе изгледа многу подобро кога на сцената ќе им се приклучи и Каролина Гочева.

Подоцна, во салата за играње Соња ја пробува песната "La vie en rose". Професорот Мирко Вукомановиќ тврди дека Соња конечно ја остварила комуникацијата помеѓу женскиот дел на сопствената личност и слушателите, што, според него посебно ќе го израдува жирито.
Александар и се жали на професорката Вукомановиќ дека последните неколку дена е многу нервозен и дека многу подобро би се чувствувал ако добие еден телефонски повик.

Некаде при крај на часот, професорите разговараат со студентите. Аднан не е во салата, бидејќи е болен. Професорката Снежана му дојде во посета за да му посака побрзо да оздрави. Подоцна, тој и кажува на Соња што напишал во блогот. Тој кажува дека со самото учество во Операција Триумф веќе постигнал многу и достигнал одредено ниво на популарност. Додава дека има големаелба за дочек во своето родно место по напуштање на академијата, без разлика каков пласман ќе има.

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (12.12.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk