Преглед на денот (11.12.2008)

Ова утро студентите ги будеа звуците од песната „Дај шта даш“ која што на предходната гала ја изведе Нина со гостинката Јелена Розга.

После експресното будење, студентите заминаа на часот по фитнес кај професорот Плеќевиќ каде што имаа вежби со топка и играа одбојка и други игри.

По часот по фитнес, следуваа часовите по играње и пеење, каде што студентите ги вежбаа своите кореографии и имаа распејување со шише вода на глава.

После тоа, Нина и Игор и’ ја презентираа нивната кореографија на професорката Милица, која им даде забелешка да бидат малце посериозни, но и им рече дека со нејзина помош се ке изгледа супер.

Откако, Игор го опиша својот Сплит, Данил изрази желба да можеби еден ден живее таму.

Се на се, не многу интересен ден на акедмијата, полн со работа. Би било добро доколку сега донесат некој гости во академијата за малце да живнат и студентите.

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (11.12.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk