Преглед на денот (10.12.2008)

Новото утро во Академијата започнува со песната “So what” од Пинк која на претходната вечер ја изведоа трите преостанати девојки во академијата- Ана, Нина и Соња. Студентите се будат и се спремаат за час по фитнес, каде ги чека професорот Саша Плечевиќ. Тој држи предавање за здрав живот, додека студентите трчаат и прават вежби со музика.

Се огласува ѕвоното и студентите се враќаат назад на академијата на пауза. Ова време Ана и Соња го користат за вежбање на новите песни. За време на паузата за ручек, студентите прават распоред за вежбање. Оние кои што завршиле со ручекот и го искористиле својот термин за вежбање, го користат времето за да се одморат.

Денешниот час со професорката Милица Церовиќ е посветен на анализирање на настапите од изминатата гала, како и предлагање на нови кореографии за следните настапи. Милица признава дека е задоволна од настапите на претходната гала, особено со настапот на девојките со песната „So what".

Подоцна во салата за играње, Ана му зборуваше на Никола во врска со својата песна „Womenizer“ како многу и’ се допаѓа и дека е брза. Потоа ја праша и Нина што мисли за нејзината песна, а таа и’ одговори дека се соживеала со песната што е навистина важно за добар настап.

На „приватниот“ час на Ана кај професорот Пајевиќ, професорот и’ признава дека намерно ги тера студентите да пеат високо за да можат после кога ке излезат од академијата да ја испеат секоја песна без никаков проблем.

За тоа време во трпезаријата, Нина вечера, а Соња и Александар играат „Не љути се човече“, и Соња се лути дека Александар добива шестки.

Вечерта, Соња, Аднан и Вукашин ја играа играта, а Соња им раскажуваше за „специфичниот“ начин на фрлање на коцката на Александар. За тоа време во салата за играње Даниел ги преслушуваше песни за новата како и од старите гали.

Comments :

0 коментари to “Преглед на денот (10.12.2008)”
 

Банер размена

Bestips.mk