Утрото во академијата почнува со песната "Ako ima Boga", која на претходната гала ја изведе Игор. После загревањето кај професорот Саша Плечевиќ, следи час кај професорот Пајевиќ, кој стално го обележуваат опомените кон студентите за погласно и поенергично пеење. Следен по распоред е часот по играње кај професорката Милица Церовиќ, каде што студентите ги вежбаат новите кореографии.
На часот по пеење со другата група, професорот го посоветува Никола Пауновиќ после шоуто да посети логопед, за правилно да научи да ја изговара буквата "р". После часовите, студентите се враќаат во академијата. Сите спијат, некои во дневната, а некои во спалната соба.
Попладнето студентите го поминуваат на час со Мирко и Снежана Вукомановиќ. Снежана ги потсетува дека до крај на шоуто има само уште четири гали, и дека веќе десет поминале. Затоа им напоменува да уживаат во работата и престојот во академијата, бидејќи најверојатно так
ва шанса никогаш повеќе нема да имаат. Денес студентите се доста расположени за работа. На момент се присеќаваат на исфрлените студенти, посебно на Ѓорѓе Гогов, а потоа започнуваат со вежбање на своите песни што ќе ги изведат задутре на галата.
Во вечерните часови, директорот Саша Драгиќ ги посетува студентите. Тој за нив има нова задача. Имено, студентите треба да си замислат дека штотуку добиле награда "Греми" за најдобар пејач/пејачка, и за таа прилика да напишат победнички говор. На крајот, студентите ги читаат своите говори и тој на шега кажува дека најдобар говор имал Н
икола Пауновиќ, бидејќи само тој го спомнал директорот.
Подоцна тој го открива своето вистинско мислење и напоменува дека еден говор треба да биде јасен, искрен и по можност духовит, за да го привлече вниманието на новинарите и публиката. Додава дека најблиску до тие карактеристики биле Даниел и Вукашин. По останатите реакции, најшеговит говор имаше Аднан, кој наведе дека неговиот творечки опус досега брои три албуми, пет хитови и осум спотови.
Преглед на денот (06. 12. 2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар