Ова утро студентите се будат со песната „Sve smo mogli mi“. После будењето студентите заминуваат на фитнес, каде што ги чека професорот Плечевиќ. Студентите трчаат и прават вежби, а Соња и Даниел возат велосипеди. Наскоро, часот се завршува и студентите го поздравуваат професорот со реченицата "Позитивна енергија".
Паузата, како и обично, се користи за испивање на првото утринско кафе и муабет низ дворот. После доручекот студентите ги посетува професорот Пајевиќ, кој проверува дали студентите ја средиле академијата.
На ред дојдоа часовите по играње и пеење. Студентите, поделени во две групи заминуваат во училницата и салата за играње. Вчера Даниел имаше конфликт со професорката Милица Церовиќ и денес на часот и пријде да и се извини. Меѓутоа, професорката му одговори дека претерал и дека нејзиното трпение е при крај. По огласувањето на ѕвоното, студентите се враќаат назад на академијата. Набрзо им се придружува професорот Пајевиќ, кој има нова задача за нив. Со помош на чаша и вода, студентите трееба да ја отсвират скалата.
Подоцна, директорот го советуваше Аднан во врска со неговата кореографија за песната „Пратим те“ од Тоше Проески. Имено, тој му рече да внимава при слегувањето по скалите, и да воспостави добар контакт со публиката при почетокот на песната.
За тоа време во салата за играње, Игор и’ ја презентираше кореографијата за својата песна на професорката Милица, која пак му рече дека за оваа песна не е потребна којзнае каква кореографија, дека може само да стои и да пее.
По часовите за играње, професорката Милица разговараше со Ана во врска со нејзините, вокални способности.
Таа и’ наведе дека малце ги потценува нејзините способности, и и’ кажува дека пее подобро од повеќето студенти. Ана пак се жали дека таа побавно ги учи песните и дека времето од гала до гала и’ е малце, и затоа не е задоволна од нејзината изведба.
По часовите, студентите имаа едно досадно попладне. Никола П., Соња, Вукашин, Ана и Нина разговараа за тоа дека сигурно се досадни за публиката што ги гледа, на што Соња се спротистави со тоа дека тие не се тука за да бидат интересни, него за да научат нешто.
Преглед на денот (05.12.2008)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар