Албум со песни од сите студенти

Иако само еден студент на крајот од најголемото музичко реално шоу на Балканот ,,Операција Триумф, ќе може да се пофали со титулата победник, извесно е дека пред најдобрите, најпопуларните и најхаризматичните студенти е блескава кариера. Продуцентската куќа Емоушн има план на своите студенти да им обезбеди снимање на неколку компилации, соло албуми, да ги подготви за ,,Евровизија”, да им организира турнеи во сите земји од регионот... Веќе овој викенд студентите ќе започнат со снимање на компилација со изведби од повеќето студенти. Ви план е компилацијата да биде издадена до Нова Година, додека други извори најавуваат дека компилацијата ќе се појави во март 2009.


,,Во текот на оваа и следната година ќе бидат направени три компилации со песни и ќе тргнеме на турнеа. Тука студентите сами ќе испливаат и тогаш ќе се одлучи чиј албум ќе се сними прв. Им рековме на авторите низ бивша Југославија дека ни се потребнио околу осумдесет добри песни - изјави Горан Стаменковиќ, од продуцентската куќа Емоушн, која моментално работи на истражување кои песни најдобро им лежат на студентите. ,,Никогаш не се случило да се започне еден толку голем проект одеднаш и не е лесно да се добијат толку многу песни за кратко време. Веќе ги прашавме студентите со кои музички ѕвезди би сакале да соработуваат, и испробуваме кои песни најдобро им лежат. На пример, Владо Грајиќ, автор на минатогодишната победничка песна за Евровизија, пробува песна со Никола Сариќ, Никола Пауновиќ и Ѓорѓе Гогов и ќе се одлучи на кој ќе му припадне. Кога е во прашање Даниел, за него Скај Виклер веќе има напишано феноменална песна”- додава Горан Стаменковиќ.

Иако излегоа од шоуто, Милица и Ѓорѓе не се исклучени од овој проект. За Ѓорѓе веќе е снимена песна, и тој, како и Милица, оваа недела влегува во студио.

На победникот на шоуто му е загарантиран албум и цедето ќе биде направено до пролетта 2009 година, додека изработка на останатите албуми се планира до крај на 2009. Главните луѓе од Емоушн известуваат дека публиката ќе може да го следи секој чекор од кариерата на идните ѕвезди.

Како што претходно беше највено, од шоуто најверојатно ќе излезе и еден добар машки бенд. За сега е предвидено тој да биде составен од Никола Сариќ, Никола Пауновиќ, Ѓорѓе и Вукашин. Но, како што изјавува Горан Стаменковиќ, сеуште ништо не е дефинитивно, бидејќи студентите дури сега заминуваат во студио.

Освен компилациите и албумите, Емоушн планира и концертна турнеја. Како што дознаваме, во моментот се одржуваат преговори за концерти во Македонија и Бања Лука веднаш по завршувањето на шоуто. Од март, најверојатно, официјално започнува турнејата. Во план е концертите да изгледаат слична како галите, со специјални ефекти и скапа опрема.

Како што беше најавено на почетокот на шоуто, дел од студентите ќе настапуваат и на Евровизија. Нина оди на домашниот избор во Црна Гора, додека Игор Цукров највероватно ќе се појави на хрватскиот избор. Исто така, можеме да го очекуваме Александар на македонскиот избор за Евровизија. Во Босна највероватно ќе настапат Аднан или Вукашин, додека за Србоја сеуште ништо не е сигурно, бидејќи има многу кандидати.

Што се однесува до кандидатите што многу кратко се задржаа на академијата, како Антонија, Андреа, Мика и Кристијан, кои немаа прилика да се истакнат, продуцентската куќа Емоушн ќе обезбеди уште една шанса и постои можност да се појават на некоја од наредните гали.

Comments :

0 коментари to “Албум со песни од сите студенти”
 

Банер размена

Bestips.mk