Милица си оди, Аднан останува


Милица Мајсторовиќ, една од најубавите учеснички во Операција Триумф, синоќа ја изгуби битката од Аднан Бабајиќ, и мораше, по 50 дена да го напушти шоуто. После објавувањето на веста дека Аднан останува во куќата, жирито и вети на Милица албум првенец.

- Задутре почнува работата на твоето ново ЦД, и тоа пред сите ти го гарантирам- рече Тончи Хуљиќ и додаде:
- Се е осмислено за развој на твојата кариера- со него се сложи и Марина: - Ќе имаш добри песни, само ти недостасува малку слобода- изјави таа, порачувајќи и на Милица да го истакне својот сексапил.

Иако многубројните навивачи на Милица беа разочарани, таа воопшто не беше тажна. - Криво ми е што ве напуштам, но немојте да бидете разочарани. Задоволна сум со својот престој тука, планирав да останам точно педесет дена- беше искрена Милица, која има свои соништа и надеж за врв на својата кариера.

Имено, Милица највеќе ја заинтригира публиката во епизодата со Скај Виклер, по што многу помислија дека таа е заљубена во познатиот рапер.
- Тоа со Скај е чисто професионално. Јас се надевам на една убава соработка со него. Ништо не се случуваше помеѓу нас- се правдаше Милица.

Таа не зборуваше ништо за своите фаворити. Изјави дека сите ги сака и се надева дека сите ќе го најдат своето место меѓу ѕвездите, додека една од гостите, Индира од "Колонија ", изјави дека Соња е нејзин фаворит.

Comments :

0 коментари to “Милица си оди, Аднан останува”
 

Банер размена

Bestips.mk