Очигледно е дека Ана Бебиќ е најпосакуваната девојка во Академијата Операција Триумф, а сега дознавме и кој е нејзиниот “брачен услов“, секако на шега. Џорџе со недели “кружи“ околу Ана, на која што веќе и призна дека е заљубен во неа.
Но сега направи и уште еден чекор, и изјави дека тој веќе се одлучил и дека таа ќе биде негова жена и дека ќе ја одведе кај него во Димитровград.
Симпатичниот разговор ја поттикна Ана за сценскиот настап на следната Гала вечер. Ана треба да ја научи кореографијата за песната “Crazy in Love“. Секако, Џорџе има решение за неа.
“Само ти гледај во мене и така ќе успееш да ја доловиш песната и да покажеш дека си crazy in love“, и рече Џорџе.
Во разговорот се надоврза и Мика која што го запраша Џорџе: “Колку семафори има во Димитровград?“, а Џорџе и одговори: Ниеден!
Ана: Ниеден! Па во мојот Метковиќ ги има четири! Како ќе одам јас таму кај тебе кога нема ниту еден семафор? Да се барем пет, ќе биде во ред, но вака....
Џорџе: Слушај ме, ти ќе ми бидеш жена, јас веќе одлучив. Заборави на ова, како да станеш ѕвезда, туку како ќе дојдеш во Димитровград, за да ми бидеш жена и да ме слушаш.
Додека Џорџе и Ана си играа “маж и жена“, Аднан едвај ја дочека молбата од Милица да ја почешка. “Вака ли?, А добро ли е вака“, ја прашуваше “Дон Жуанот“ од Живница.
Кој знае што ќе се случи до крајот на Операција Триумф. Веќе имавме една бремена девојка (Андреа), па не се исклучува ниту можноста дека ќе се роди и некоја вистинска љубов во куќата.
Извор: http://www.exclusive.com.mk/
“Брачниот услов“ на Ана за Ѓорѓе
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар