Според неофицијални информации, продуцентската куќа "Емоушн" подготвува големо изненадување за следната гала вечер, кое највеќе зависи од тоа дали единствениот студент од Босна и Херцеговина, ќе мора да ја напушти музичката академија во Кошутњак.
- Продуцентите не сакаат да им опадне гледаноста во Босна, па решија во академијата да уфрлат уште двајца студенти од оваа држава. Моменталниот просек на гласови не му дава преголеми шанси на Аднан за опстанок во академијата. Имено, неговиот просек изнесува 34,8, наспроти Милица која моментално има 65,2 од гласовите. Доколку ваквата состојба на гласовите се задржи, можеме да очекуваме уште двајца Босанци во академијата. - Новите натопреварувачи се во карантин и вредно се спремаат за нивнот прв јавен настап- изјавува извор близок до продукцијата.
Инаку, Аднан Бабајиќ е веќе неколку дена разочаран од своето учество во Операција Триумф. Тој изјави дека сака да ја напушти академијата. Од таквите намери не успеа да го разубеди ниту директорот Саша Драгиќ, кој во неколку приватни разговори го убедуваше дека пред него е голема кариера. Но популарниот Бабаја, едноставно тешко ја прифати одлуката на жирито да го номинира.
Номинираните Аднан и Милица за осмата гала вечер добија песни што самите ги спомнуваа како омилени. Имено, Аднан ќе ја пее „Tebi je lako“ од Бојан Маровиќ, а Милица ќе ја изведе „Donna con te“ од Ана Окса. Дали изведувањето на песните ќе промени нешто и дали Аднан сепак ќе се предомисли после реакцијата на публиката, останува да се види.
Двајца Босанци на местото на Аднан
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)














Comments :
Објави коментар