Ивана се врати на Академијата, но само во бендот

Ивана Никодијевиќ, првата студентка која си замина од Академијата Операција триумф, повторно влезе во реалното шоу. Меѓутоа, Ивана не се врати како натпреварувач, туку сега таа свири во пратечкиот бенд на Академијата и на Гала вечерите.

Преостанатите студенти вежбаат за престојната Гала вечер, а во текот на една проба „воспитна“ доби Хрватот Игор Цукров, кој професорката Снежана Вукимановиќ го исфрли од часот.

Цукров ја доби песната „Crying“ од групата Aerosmith, а во конфликт со професорката влезе бидејќи остана при ставот дека не треба да пее тон пониско, кој беше совет од професорката.

По меѓусебното надмудрување, професорката го загуби трпението и го исфрли од часот: „Игор, повели надвор!“

„Навистина ми е доста од оваа ароганција и безобразност“, беше коментарот на професорката.

Игор некое време беше лут, но подоцна сепак се врати во училницата и ја замоли професорката да му прости.
Миленикот на публиката, Александар Белов и овој пат беше спасен од обожавателите, па жирито не му можеше ништо.

Инаку студентите во четвртокот имаа пријатно изненадување. Директорот Саша Драгиќ им соопшти дека во наредниот период ќе добијат прилика да ја снимат својата прва компилација. Врвни композитори и текстописци веќе работат на нивните песни и тие наското ќе влезат во студио.

Извор: http://www.ekskluziv.com.mk/

Comments :

0 коментари to “Ивана се врати на Академијата, но само во бендот”
 

Банер размена

Bestips.mk