Мојата публика не е гласачка

Иако негови фанови доаѓаа дури од Димитровград во Белград за следење на гала вечерите, студентот Ѓорѓе Гогов, ја напушта академијата со одлука на гледачите.

Сите беа изненадени од резултатите од гласањето дури и неговиот противкандидат Вукашин, кој остана зачуден кога беа соопштени резултатите.

„Беше мртва трка помеѓу мене и Вукашин, но верував дека сум фаворит во тој дуел. Мислам дека мојата публика не е гласачка и тоа е една од причините заради која што испаднав. Сакав да останам малце подолго во академијата бидејќи сакам да научам подобро да пејам и играм... Но сепак, ова е само почеток на мојата кариера“ рече Ѓорѓе на вчерашна прес конференција.

„По излезот од куќата ке се видам со сите мои роднини и пријатели. Планирам да останам во Белград каде што живеам веќе подолго од една година. Синоќа не можев да заспијам па шетав по куќата и ја разгледував. Многу ке ми недостига сето ова. На Никола Пауновиќ, му понудив да ми биде цимер со уште две стриптизети, но не знам дали ке прифати“ се пошали идната рок ѕвезда.

На прашањето дали е заљубен во Ана, тој одговори:

„Ана е таква личност, што мора да ја сакате. Не знам кој е заљубен во неа. Јас ја сакам и секогаш ке ја сакам како другарка. Немам време за љубов бидејќи кариерата ми е на прво место.“

Comments :

0 коментари to “Мојата публика не е гласачка”
 

Банер размена

Bestips.mk