Ѓорѓе заминува од академијата, Ана и Никола П. новите номинирани

ЃорѓеТочно на половина од серијалот наречен Операција Триумф, на деветтата гала, академијата ја напушти Ѓорѓе Гогов, кој беше победен од Вукашин со гласовите на публиката, но жирито не се сомнева во тоа дека Ѓоле ке има богата музичка кариера.

„Имаш сјајна перспектива и мислам дека ке направиш добра кариера“ му порача Тончи Хулиќ, а Исмета додаде „Ѓорѓе, сакам да ви се заблагодарам и да ве потсетам дека ми обеќавте дека ке ме земете на ваш концерт.“

И третиот член на жирито, Марина Туцаковиќ имаше само зборови за пофалби „Ти си афтентичен, воспитан, посебен и браво на тоа што нон-стоп го покажуваше твоето вистинско лице“ заврши она.

Ѓорѓе кој одлично се сложуваше со сите студенти, не сакаше да истакне фаворит.
„Сакам да им честитам на сите колеги за нивната издржливост и да им посакам среќа и успех понатака. Се надевам дека заедно ке ја подигнеме музичката сцена на овие простори на едно повисоко ниво“ изјави тој и додаде „Жал ми е што неможев да останам уште малце на академијата, бидејќи можев уште многу да научам и да покажам.“

Синоќешната гала освен тесната борба помеѓу Ѓорѓе и Вукашин ја обележаа и гостите Бојан Маровиќ и Данијела Мартиновиќ.
Исто така оваа гала ке ја помниме и по навистина енергичниот настап на нашиот Александар кој пееше песна од U2 и повторно беше избран за фаворит на публиката со 44% од вкупниот број на гласови.
Следни номинирани се Ана и Никола П., а инструкциите за спасување ги имата од денсата страна.

Comments :

0 коментари to “Ѓорѓе заминува од академијата, Ана и Никола П. новите номинирани”
 

Банер размена

Bestips.mk